Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Македонија нема ниту ќе има друга алтернатива од интеграција во европските институции и организации, но проблем за такво нешто ќе биде кога водечките луѓе во земјава не ги познаваат доволно и не прават разлика меѓу нив.
Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада?, прашува Мицкоски и вели дека, нема, ниту сега, ниту пред една година, ниту во иднина!
„Дали Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди?
Да секако!
Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус?
Очигледно дека не!
Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата“, пишува Мицкоски.
Според него, проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера.
Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада?
Не, нема, ниту сега, ниту пред една…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, December 8, 2020