Македонија 06. јануари 2021. / 15:47

Мицкоски: Приведувањето поради бадников оган е покажување на сила спрема обичен народ

Мицкоски: Приведувањето поради бадников оган е покажување на сила спрема обичен народ

Приведувањeто на луѓе поради бадников оган е покажување на сила и мускули спрема обичен народ, во ситуација кога вистински криминалци остануваат неказнети. На овие луѓе им го одземаат правото кое со Устав им е загарантирано. Тоа не е трофеј за фалење, туку срам за оваа Влада, Спасовски и Заев, како и доказ дека се одлепени од реалноста, пишува Христијан Мицкоски на својот Фелсбук профил.

-ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да понуди правна помош на сите кои се мета на насилието на власта. Решението е смена на власта, за крај на срамот, насилието и двојните аршини.

П.С. Да потсетам, додека палачите на бадниковиот оган се приведени, сѐ уште нема одговор каде завршија парите од рекетот. И кога казна за функционерите на власта кои славеа без маски во државно министерство?, прашува Мицкоски.