Уште од самиот почеток на предизборната кампања, кандидати, активисти и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се изложени на закани, физички напади и на политичли притисок, но тоа нема да ги поколеба и да ги натера да се откажат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за МИА.
Тој истакнува дека таквите напади се одраз на немоќ и дека власта ја спродеува таа насилна кампања затоа што е исплашена од пораз на изборите.
Ние немаме Луи Витон куферчиња, немаме купчиња кои се ставаат во чанти. Ние немаме во наше друштво адвокати со шест милиони евра, кои бараат мито. Ние немаме евро за евро политики за нашите браќа и сестри така што многу тешко се одразува и со тоа ќе се снајдеме и ќе ги поразиме. Ќе го искористам овој момент да упатам една порака. Ние имаме замрзнат имот, нелегално, од она СЈО распаднатоно, Луи Витон СЈО каде што се делеа стотици илјади евра за хонорари помеѓу обвинители и.т.н., каде што Прада чантата на обвинителите беше секојдневие, скратено ни е политичкото финансирање на помалку од триесетина проценти, политички прогон, секојдневен атак врз активистите, врз симпатизерите, буквално интервенција со владина уредба и злоупотреба на вонредната состојба еден ден буквално пред почеток на кампања…Сето ова. Ние се навикнавме на претседателските избори и тогаш освоивме 380.000 гласа. Тогаш сите останати освоија 420.000 гласа. Сега ќе доживеат дебакл, со сето ова, со сите конструкции, со сите притисоци, со сето ова што го прават, бидејќи тоа они го прават затоа што не веруваат дека можат, затоа што се исплашени. Човек кој што верува, кој што знае дека цврсто гази нема потреба од вакви работи. Тој излегува на терен и победува. Така сум правел во животот, така ќе направам и овој пат – вели Мицкоски.