Мицкоски во вечерашното гостување во 24 Отворено, потенцираше дека е предвидено укинување на статусот почесен претседател.
Тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии, рече Мицкоски.
Тој потенцираше дека ова треба да биде добар пример за останатите политички партии ако навистина сакат да се демократизираат во рамките на сопствената структура. Тој истакна дека се укинуваат и уште неколку други места во партијата, а на прашањето дали е обид за дистанцирање од тие политики, Мицкоски изјави дека новиот статут е резултат на реформите во партијата.
Мицкоски негираше, дека не е точна констатацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта ја командува партијата.