Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е гостин на ТВ Алфа во емсиијата ,,Отворено” каде се разговараше за актуелната политичка ситуација во државава.
Пред Преспанскиот договор во личната карта на ОН, стоеше гласно и јасно, граѓани на Република Македонија не постоеше , постоеше македонски народ. Или преведен на шесте јазици, јазикот не беше со фуснота, стоеше македонски, они не убедуваа дека тоа го заштитиле за потоа да бидеме сведоци на тоа депеше, после изгласувањето на уставните измени што го прати Димитров до неговот колега од грчката Влада, каде што се правдеше дека ова macedonian не е македонски народ, и не е етникум туку дека претставува државјанство, истакна Мицкоски.