Македонија 01. октомври 2018. / 19:34

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е монолитна, Заев нека биде спокоен

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е монолитна, Заев нека биде спокоен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Алфа, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е монолитна.

На прашањето од новинарот на Алфа дали сега е сезона на лов на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да се обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието за промена на името. Мицкоски ќе одговори.

– Тоа е наративот на Заев и СДСМ, кога не можат нешто реално да испорачаат, тогаш ајде да почнеме со кулуарски муабети, шибицарски начин пазарџиски, сега да ги прозиваме луѓето. Состојбата е монолитна тука нема никаква дилема процесот е затворен и завршен, овој договор апсолутно не доби легитимитет, ниту пак доби законско одобрување. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е монолитна и тука не треба да има никави дилеми. Зоран Заев и Шеќеринска нека бидат спокојни пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е монолитна. Останува на ставот дека ова капитулантско дело не доби легитимитет и легалност од граѓаните на Република Македонија, одговори Мицкоски на поставеното прашање.