Македонија 10. декември 2020. / 11:24

Мицкоски повикува да се изгласа меморандум за да се одредат црвените линии со Бугарија

Мицкоски повикува да се изгласа меморандум за да се одредат црвените линии со Бугарија

Побарав на лидерска средба кај Пендаровски да изгласаме контра меморандум, да не се преговара за идентитетот, рече идерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Студио 10 на ТВ24.

„Во март предупредивме дека меморандумот не бил шега, туку инсистирале тој меморандум да е дел од преговарачка рамка. Заев и Пендаровски ме убедуваа дека тоа е предизборен маркетинг од Бугарија. Кога велевме дека се преговара за се ова, Заев јавно призна дека преговараат за придавката македонски. Доколку не се преговараше навистина, досега ќе имавме контра меморандум зад кој ќе застаневме сите политички партии“, појасни Мицкоски.

Тој повика да се изгласа меморандум и да се одредат нашите црвени линии.