Не сакам да верувам во такво нешто и дека тоа е точно, изјави на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговајќи на новинарско прашање поврзано со изјавата на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ дека Зоран Милески-Кичеец бил агент-провокатор, кој поранешниот премиер Зоран Заев го испраќал да снима разговори со политичари, меѓу кои и со него.
Тој изјави дека не верува оти по таквата изјава обвинителството ќе постапи по допрен глас.
-Ако човек, кој бил премиер на државата и треба да биде авангарда, поттикнувал на такви работи и се служел со удбашки методи, тоа човека го остава без секаков коментар. Но, тука се граѓаните и они треба да оценат, што значи тоа, изјави Мицкоски.