Македонија 23. октомври 2020. / 14:48

Мицкоски: Потребно е македонско национално единство, премногу сме малку да се делиме и расеменуваме

Мицкоски: Потребно е македонско национално единство, премногу сме малку да се делиме и расеменуваме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска потенцираше дека многу е важно да се постигне македонско национално единство.

Да не се расеменуваме ниту делиме затоа што сме и вака и расеменети, и поделени. Мора за клучните прашања да покажеме единство, да покажеме морал и црвена линија која заеднички ќе ја браниме. Рамо до рамо еден до друг, додаде Мицкоски.

Тој рече дека никој нема добро од тоа да бидеме понижени дури и оние кои во замена за пари и фотелји мислат дека така ќе им биде подобро.

Нема да им биде подобро зошто нивните деца а и тие самите ќе бидат дел од асимилирана и понижена земја. Тоа не смееме и нема да го дозволиме. Тоа им го должиме на генерациите после нас а тоа им го должиме и на генерациите пред нас кои што се изборија за оваа држава, појасни Мицкоски.