Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Александар Николоски денеска ја посетија Струмица и по посетата на својот фејсбук профил, Мицкоски напиша:
ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена коишто ќе бидат дел од кампањата, така што очекувајте нѐ, тука сме со народот, колку може ќе бидеме заштитени, ќе ги почитуваме оние протоколи за заштита на здравјето на граѓаните