Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Фејсбук објава напиша за неговото искуство со Ковид-19. Тој вели дека поминал исклучително тешки 12 дена, и денеска првпат по тие 12 дена нема покачена температура.
Смета дека нема решение за проблемот со вирусот без вакцинација, а за жал трагично е што во Македонија се уште тој процес не е започнат за граѓаните.
-Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како, вели Мицкоски.
13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура,…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, March 9, 2021