Македонија 20. март 2020. / 19:38

Мицкоски: Побаравме кризна состојба за поголема заштита на населението

Мицкоски: Побаравме кризна состојба за поголема заштита на населението

Ние кризна состојба побаравме уште пред 7 или 8 дена затоа што тоа според нас, а и според законот за менаџирање на кризна состојба подразбира степен поголема заштита на населението. Факт е дека тоа не е уставно регулирано и тоа го заклучивме на таа лидерска средба.  Факт е дека согласно Уставот регулирани се вонредна и воена состојба. Затоа побаравме кризна состојба за да излезе полиција и војска на улица за да можеме да ги згрижиме и заштитиме граѓаните, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во дневникот на Сител телевизија.

Тој посочи дека секој човечки живот е важен и потребно е наместо владата да води пи-ар стратегии, да почне да се грижи за здравјето на граѓаните, односно како што рече тој за ВМРО-ДПМНЕ важно е да биде спасен и заштитен секој човечки живот.

– За нас здравјето на граѓаните е пред и над се. Не ни требаат пи-ар стратегии и скапо платени советници коишто дури фондот кој што се користи е идентичен како партискиот фонд што го користи СДСМ. Нас ни е важен секој човечки живот да биде спасен, да биде негуван, за да можеме со што помалку последици да излеземе од оваа пандемија, рече Мицкоски.