Македонија 02. мај 2019. / 10:43

Мицкоски: Пендаровски призна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи ако има предвремени избори

Мицкоски: Пендаровски призна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи ако има предвремени избори

Резултат на сите неправди кои власта ги прави беше првиот круг од претседателските избори. Тоа ќе се случи сега со засилена динамика и зголемена разлика во вториот круг. Иден претседател ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за штипската ТВ Стар.

Го слушам вчера Пендаровски на помалку скромен митинг во една скопска населба, каде што кажува „Ако победи Гордана, ќе има предвремени избори, знаете таму кој ќе победи, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ“. Па кој да победи? Овие политики по принципот на Мирчо свињарникот? Тие ли треба да победат? Зарем треба да победат овие политички измамници кои единствената порака во оваа политичка кампања има ЕУ и НАТО, а им се урна како кула од карти единствената нивна теза со која ги мотивираа луѓето да гласаат. Им кажаа дека не може да одат по овој принцип во Европа се знае како се оди. По принципот на Мајбах и Бентли не се оди во Европа. Не бива така, порача Мицкоски.