Македонија 15. ноември 2019. / 20:45

Мицкоски-Панторе: ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на власта ќе се посвети на исполнување на клучните реформи

Мицкоски-Панторе: ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на власта ќе се посвети на исполнување на клучните реформи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Aмбасадорката на Република Латвија Гунта Пасторе, на која разговарае за актуелната политичка ситуација во Република Македонија.

– И покрај тоа што членството во ЕУ и НАТО останува клучна стратешка определба на државата, изразив загриженост заради недостигот на реформи кои владата на СДСМ не успеа да ги исполни заради што Македонија не доби датум за членство во Европската Унија. Власта, спротивно на исполнување на приоритетните реформи, ги зароби правосудните органи и се заглави во сопствениот криминал и корупција, соопшти Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред амбасадорката истакна дека високи функционери на власта се вклучени во најголемите криминални и корупциски скандали како „Рекет 1“ и „Рекет 2“, за кои се водеше крајно непрофесионална истрага и се далеку од разрешница.

– ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на власта ќе се посвети исполнување на клучните реформи, поголема независност на институциите и брзо подигање на македонската економија која во моментов е на дното. Добрите односи меѓу Република Латвија и Република Македонија во иднина ќе се продлабочат во насока двете држави да ја интензивираат меѓусебната соработка, додаде Мицкоски