Македонија 05. февруари 2019. / 11:20

Мицкоски оствари средба со шефот на кампањата на ЕПП за европските избори Дара Марфи

Мицкоски оствари средба со шефот на кампањата на ЕПП за европските избори Дара Марфи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународни односи Тимчо Муцунски, остварија средба со Дара Марфи, потпретседател на Европската Народна Партија и шеф на кампањата на ЕНП за изборите за Европскиот Парламент.

На средбата разговарале за претстојните европски избори, како и за состојбите во Македонија.

-Остварив средба со Дара Марфи, потпретседател на Европската Народна Партија и шеф на кампањата на ЕНП за изборите за Европскиот Парламент.

Разговаравме за предизвиците на политичкото семејство на ЕНП за престојните Евро-парламентарни избори и за улогата на идниот состав на Европскиот парламент во процесот на проширување.

Воедно ја искористив можноста да го запознаам со состојбата во Македонија и недостатокот на владеење на правото и кршењето на одредбите на правната држава. – напиша Мицкоски.