Мицкоски оствари средба со делегација од Бундестагот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Делегација од Бундестагот на Сојузна Република Германија која беше предводена од Претседателот на Комисијата за европски прашања, Гунтер Крихбаум.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата Мицкоски ги афирмирал ставовите на партијата насочени кон побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија и НАТО. Истовремено Мицкоски нагласил дека Македонија мора да продолжи да ги продлабочува билатералните односи со Германија.
Претседателот на опозициската партија во разговорот се осврнал и на внатрешните политички и економски теми. Тој нагласил дека неспособноста на актуелната влада да води добри економски политики ја донеле Македонија на европското дно по економски резултати.