Македонија 06. април 2019. / 19:39

Мицкоски од Јегуновце: Гласот за Пендаровски е глас за Заев

Мицкоски од Јегуновце: Гласот за Пендаровски е глас за Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Јегуновце.

Мицкоски пред граѓаните рече дека гласот даде за кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски е всушност глас даден за Зоран Заев и продолжување на неговите криминални политики од кои единствен интерес имаат тие двајца и СДСМ, додека граѓаните живеат се полошо.
Мицкоски ја искомнетира и вчерашната изјава на Пендаровски каде што изјави дека доколку го застане полиција поради брзо возење нема да го казни бидејќи го знаеле од телевизија.

Бев во Јегуновце. Едно од првите ветувања на оваа власт им беше да се рестартираат Југохром, Колска и Еврокомпозит. Поминаа 2 години. Нема ништо од ова. Ниту Југохром работи, ниту другите капацитети се рестартирани. И не се срамат пак да излажат и велат еве сега за два до три месеци ќе биде рестартирањето. И пак ништо. Лажење се вика тоа. Бесрамно лажење.
Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев. Затоа потребен е жолт картон за оваа власт. Да веруваме во правда за Македонија, во принципи и вредности. Да се избориме заедно, вели Мицкоски.

Според претседателот Мицкоски ова е всушност разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи Заев, Пендаровски и СДСМ ги поделиле граѓаните.
Е тоа е суштинската разлика помеѓу нас и господа од СДСМ, вас. Што вие го поделивте народот како никогаш досега, кажа Мицкоски.