Македонија 30. ноември 2020. / 15:50

Мицкоски: Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со Бугарија

Мицкоски: Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со Бугарија

Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со соседна Бугарија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и прашува:

– Дали трговецот – премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси?
– Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста?
– Зошто Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало?

Мицкоски уште еднаш повика на протести, затоа што, како што кажа, утре може да биде доцна.

Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со соседна Бугарија.

– Дали трговецот – премиер во заминување…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 30, 2020

Оставка на Заев, слобода на народот!, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска протестите предводени од ВМРО-ДПМНЕ ќе се оджуваат ширум Македонија во 11 градови со почеток во 18 часот.