Македонија 16. април 2019. / 22:54

Мицкоски: Незнам дали Иванов ќе ги аболицира обвинетите за 27 април

Мицкоски: Незнам дали Иванов ќе ги аболицира обвинетите за 27 април

Дали очекувате Иванов да ги аболицира обвинетите од 27 април? Ова прашање вечерва во Клик на ТВ 21 му беше поставно од аналитичарите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Немам комуникација со Иванов и не знам. Драконски се казните од два века и кусур, поротник си даде оставка. Не толерирам насилство и ајде нека одговараат за насилство.Несериозно е. Секој ден поминат граѓаните гледаат со какви луѓе си имаат работа. гледаат што правите, дали сте чесен политичар или итрец. На итреците им е кратко владеењето, изјави Мицкоски.