Македонија 18. септември 2020. / 15:40

Мицкоски: Нема ништо од случајот „Теретана“, секоја лага која ќе ја смислат Заев и мафијата им се распрснува

Мицкоски: Нема ништо од случајот „Теретана“, секоја лага која ќе ја смислат Заев и мафијата им се распрснува

Три години целата јавност е сведок на најбрутална црна кампања спроведена врз мене. Преполна со лаги, измислици, подметнувања и клевети, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук“.

Потпомогнати со еден куп медиуми платени со парите на мафијата, дел уценети за својата слобода, чија задача е да се тргне вниманието од продажбата на светите работи, криминалот и немањето на резултати кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Нивното обвинителство не можејќи да најде ниту една темна дамка во моето однесување, денес објави дека нема ништо од случајот “Теретана”, дека не е прекршено ниту едно правило, или несовесно постапувано, наспроти целокупното брутално лажење на СДСМ пред изборите на оваа тема. Доведоа до ранг да е престап и злосторство спортувањето на Водно, а упропастувањето и продавањето на државата да викаат дека е блескање. Претходно правеа конструиран случај од хидроцентралите, па повторно нивната Државна комисија за спречување на корупцијата излезе и рече дека се работи за чист случај, појасни Мицкоски.


Секоја лага, вели, која ќе ја смислат Заев и мафијата им се распрснува. Како што лажеа за случаите “Теретана” и хидроцентралите, додава брутално манипулираат за сѐ друго.

Но, вистината е една и единствена. Бродот ќе им потоне, се препелкаат во сопствените лаги, се наведува во објавата на Мицкоски.