Македонија 08. октомври 2019. / 21:43

Мицкоски: Нелегално стекнатите материјали не може да бидат користени како докази

Мицкоски: Нелегално стекнатите материјали не може да бидат користени како докази

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е гостин во ,,24 отворено” на 24 вести каде главна тема се актуелните политички случувања во Македонија.

Ние велевме порано дека нелегално стекнатите материјали не треба да се користат како докази во минатото, се повикувавме на конвенции, се повикувавме на пракси итн. Знаете дека кој што е доставен првичниот не се нелегално стекнатите материјали докази. Дали некој го истражил зошто тоа е така? Дали е можеби некој политички договор помеѓу некои други политички елити, а не е со ВМРО-ДПМНЕ, запраша Мицкоски

Кога зборуваме за принципи, ние и тогаш и сега велевме дека нелегално стекнатите матерјали не може да бидат користени како докази. Како потврда на ова, имавте сведочење на Верушевски кои вели дека тој, како одговорен за безбедноста во СДСМ, добивал определени матерјали и истите ги доставувал до тогашниот претседател Црвенковски и до Заев. Се сеќавате на изјавата на Заев каде кажа дека овие матерјали ги нашол фрлени во двор кај него во куќа? – изјави Мицкоски.