Македонија 11. март 2021. / 13:29

Мицкоски: Не смееме никогаш да го заборавиме страдањето на македонските Евреи во Треблинка!

Мицкоски: Не смееме никогаш да го заборавиме страдањето на македонските Евреи во Треблинка!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод 78 години од ликвидирањето на македонските Евреи во Треблинка, на својот Фејсбук профил напиша дека никогаш не треба да го заборавиме страдањето на семејствата кои претрпеле над 7144 загуби во логорот.

-Пред 78 години, на 11 март 1943 се собрани во монопол, а на 22, 23 и 28 март во 40 сточни вагони започнала депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка. Ликвидирани се 98% од припадниците на Еврејската заедница, од кои 1500 биле деца под 15 години. Само документите и неколкумина преживеани остануваат да бидат единствениот сведок за траорната судбина на овие луѓе.
7144 наши сограѓани го започнале својот пат без повраток. Не смееме никогаш да го заборавиме плачот, тагата и страдањето на овие семејства, голготата низ која поминале никогаш да не се повтори!, напиша тој.

Пред 78 години, на 11 март 1943 се собрани во монопол, а на 22, 23 и 28 март во 40 сточни вагони започнала депортацијата…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, March 11, 2021