Тажен сум и навистина жалам што ова денеска ни се случува. Што бројот на инфицирани веќе се брои во десетици на дневна основа. Што секојдневно имаме луѓе што ги губат животите, како резултат на оваа пандемија. И сé би дал да можам да го вратам вмремето наназад и да помогнам колку може повеќе ова да не се случи, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција по билатерланата средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
Мицкоски потенцираше дека не е важно кој ја мотивирал помошта од Унгарија, туку важно е да ситне онаму каде е потребна.
-Не е важно кој ја иницирал. Не е важно кој ја мотивирал помошта од Унгарија. Нека биде Зоран Заев, нека биде Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски… не е важно. Важно е да стигне онаму каде е најпотребна, рече Мицкоски и додаде: Ако е грев да помагаме, тогаш јас сум грешниот. Но, јас ќе продолжам да помагам колку што можам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ваше е да сметате дали е тоа грев или доблест, потенцираше тој.
Во овој момент, додаде тој, помошта е најпотребна да пристигне во МВР бидејќи нивните припадници се во првите редови на справување со корона вирусот.
-Знаете дека илјадници припадници на министерството за внатрешни работи дневно се справуваат со одржувањето на редот во државата и овие маски им се потребни имајќи предвид дека тоа што го добиваат е назначително или премалку, рече Мицкоски.
Во врска со помошта од Унгарија со 5.000 заштитни едноделни одела, Мицкоски рече оти се надева дека тие ќе завршат онаму каде се најпотребни на Инфективната клиника и во другите медицински установи каде ќе бидат ставени на располагање на „голораките медицински лица“ кои се справуваат со вирусот и треба да се заштитат.
Денеска министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто официјално предаде донација за Министерството за внатрешни работи која се состои од 100.000 маски и 5.000 заштитни едноделни одела.