Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Виница. Мицкоски истакна дека имал средба со голем број на граѓани и директно од нив слушнал дека граѓаните со СДСМ и Заев живеат многу лошо, во беда и сиромаштија, додавајќи дека на тоа мора да му дојде крајот а тоа е возможно само со поддршка на претседателските избори за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.
Претседателот Мицкоски додаде дека Заев го понижал и ги изманипулрал граѓаните ветувајќи им дека кога ќе дојде на власт ќе ги открие сите нерасчистени убиства, додека сега од позиција бега.
Не е правда господине Заев кога ќе ги лажете семејствата на децата починати трагично на Смилковското езеро, а денеска да бегате да ги погледнете во очи. Да им велите дека он знаете кој се вистинските сторители на тој немил настан. Не е тоа правда. Не е правда да велите дека живот ќе донесете а пекол донесовте во Република Македонија, потенцираше Мицкоски. Мицкоски појасни дека на Македонија и е потребен честит и принципиелен претседател кој што ќе се избори за правда и правдина. За честита Македонија, требаат честити луѓе. Не требаат луѓе апологети на лопови и на лажови. гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев. И тука не треба да имаме дилема тоа се двајца луѓе лице и опачина на иста паричка, истакна Мицкоски.
На крај претседателот Мицкоски побара од граѓаните да застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и заедно да се изборат за победа на претседателските избори се со цел да се победат неправдите со кои што секојдневно се соочуваат граѓаните на Република Македонија..