Македонија 12. март 2020. / 00:30

Мицкоски не е носител на кандидатска листа затоа што е убеден во победа

Мицкоски не е носител на кандидатска листа затоа што е убеден во победа

Носителите и пратениците ќе останат во Парламентот, таму каде што добиле доверба од народот. Ние не ставаме луѓе кои после ќе избегаат во извршната власт. Тоа е наш концепт. И свесен сум дека многумина ми викаа да одам во разни изборни единици како носител, а ќе кажам и зошто не отидов. Затоа што верувам дека со листите се предлагаат пратеници, имиња и презимиња со кредибилитет кои местото им е во парламентот, а не луѓе кои ќе продефилираат и ќе го бараат гласот од граѓаните, а после ќе отидат во влада. Јас со моето име стојам зад сите 120 кандидати за пратеници и не се кријам и овој предизвик го прифаќам и убеден сум во една голема историска победа, најголема победа – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред присутните на вечерашната партиска конвенција, на која се промовираат кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори закажани за 12 април годинава.

Мицкоски смета дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев избегал од идејата тој и Мицкоски да не бидат ноасители затоа што се плаши и е свесен дека СДСМ ќе ги изгуби овие избори.

 

Затоа и Заев избега од идејата за шпицен кандидат, човекот се плаши и бега. Знае дека и во најпесимистичките сценарија анализирани на Бихачка ВМРО убедливо победува. Ете тоа е вистината зошто Заев не одговара на тоа што ќе прави кога СДСМ ќе загуби на изборите. Зошто ќе гледа да се спасува како пратеник и ќе го окупира лидерското место во СДСМ. Тоа е негова работа и јас во тоа нема да се мешам. Мене ми е целта да ја поразиме неспособноста и да ја вратиме државата на вистинска патека.

Мицкоски нагласи дека од одговорноста пред законите не може да избега никој, па ни Заев.

И не ги прифаќајте оние лаги и плашења од СДСМ во стилот знаеме дека СДСМ нечини ама со ВМРО-ДПМНЕ државата влегува во опасност. И ова го викаат зошто Заев е во опасност поради криминалите кои ги прави и неспособноста што се гледа од месечината. И знае дека поразот за него на овие избори ќе значи „давај друго дете“ во СДСМ и одговорност пред законите. Од тоа нема да избега никој.