Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е гостин во ,,24 отворено” на 24 вести каде главна тема се актуелните политички случувања во Македонија.
Јас би сакал да говор повеќе за обединување со граѓаните на Република Македонија, со македонскиот народ со останатите граѓаните во Република Македонија и токму тоа го правевме ние како ВМРО-ДПМНЕ, се обединивме со народот и приоритет ни беа интересите на народот и на нашата татковина и во името на тоа работевме во изминатиот период, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.
Мицкоски потенцираше дека поминува тоа време кога партиските интереси биле во прв план а државата и интересите на граѓаните во втор план, нагласувајќи дека тој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници ќе се обедини со македонскиот народот и со граѓаните на Република Македонија.
Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, моите соработници пратениците, буквално сите работиме во насока на тоа а што е заедничка цел на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија да се обединиме и во едно ехо да испратиме порака дека ни е потребен тој датум за да го почнеме нашиот пат кон таа заедничка цел. Јас повеќе сум за едно такво обединување,а тоа е обединување со македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а тие кои што мислат да се обединуваат со Зоран Заев нека повелат но сметам дека тоа не мудра одлука, изјави Мицкоски.