Македонија 19. март 2020. / 20:36

Мицкоски: Наместо да покаже сериозност со преземени мерки, Владата си прави стикери

Мицкоски: Наместо да покаже сериозност со преземени мерки, Владата си прави стикери

Стикерите нема да нѐ спасат од короната, но работата на надлежните секако ќе влијае за намалување на последиците, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, реагирајќи на новите стикери за „Вибер“ на кои министерот Венко Филипче е претставен како Супермен.

Мицкоски повика на поголема сериозност:

Наместо стикери фатете се за работа, затоа што не е само Дебар, туку и Гостивар, Штип, Охрид, Скопје… Економијата е во колапс, светот ги брои жртвите, а што прави владата? Прави стикери! Треба поголема сериозност на власта и итни мерки – порача Мицкоски.