Во овие тешки моменти на голема криза, наместо да имаат на мисла како да спасат животи, тие смислуваат лажни вести – вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.
Според Мицкоски, вистината победува.
И уште една голема благодарност до премиерот на Словенија и пријател на Македонија, Јанез Јанша. Што се однесува до бројот на тестовите, брзо по пандемијата ќе се види кој лажел, а богами и кој крадел. Да се фокусираме сега на она што е најважно за граѓаните, здравјето и спасот од сиромаштија – дополни Мицкоски.