Тема на денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски беше блокадата која нашата држава ја има од Бугарија.
Тој се осврна на политиките на Владата во надворешната политика и односите со Бугарија. На крајот од прес конференцијата најави и интерпелација за работатата на вицепремиерот Никола Димитров.
„Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието“, рече Мицкоски.
Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност