Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема поддржи попис како што планира Зоран Заев.
Мицкоски најави амандмани на Законот за попис, посочи дека опозицијата не може да го блокира неговото донесување, затоа што е со европско знамено но беше категоричен дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи попис како што планира Зоран Заев.
Според него со попис како што планира Зоран Заев ќе излезе дека Македонија има три милиони жители.
„Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог еве за да го признаеме пописот дајте луѓе да набавиме 10.000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме“, појасни Мицкоски.
Тој додаде дека вака како што е концепиран пописот ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го признае. И следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе попис кредибилен кој што вистински ќе биде статистичка операција, а не на крај со двоен потпис да даде политички одговор.
Владата пак, на вчерашната седница донесе одлука Предлог – законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија за 2021 година да биде усвоен со постапка предвидена за закони со европско знаме.
Тоа значи дека Законот за попис ќе се носи преку Комисијата за европски прашања, со ограничено траење на амандманската расправа – на два дена, за да се избегне опозициска блокада.