Овие протести се со возила и мерките максимално се почитуваат, сите мерки владини и на онаа политичка комисија за заразни болести се почитуваат, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Само интервју“ на Канал 5.
Битката на опозицијата, на ВМРО ДПМНЕ и на мене е против погрешните политики против оваа мафија која е денеска на власт. Што побргу оваа власт да замине , оти не понуди ништо ново и неможеме да препознаеме предвидлива иднина, истакна Мицкоски.
Еден од легитимните начини е да протестираме. Во Собранието ќе имаме надзорна расправа и за струјата и за Еуростандард Банка и за магарињата и за берберницата. Поскапувањето е многу повеќе, околку 10% , не е точно дека имаме најниска цена на струјата. На шверцерски начин се зголеми цената на електричната енергија и ние имаме легитимно право да реагираме изјави Мицкоски.