Македонија 12. март 2020. / 01:29

Мицкоски: На овие избори ќе одлучиме дали ќе има повеќе за Заев или повеќе за секого

Мицкоски: На овие избори ќе одлучиме дали ќе има повеќе за Заев или повеќе за секого

Секој овде, но и тој што не слуша и гледа пред екраните треба да знае дека овие избори се избори за тебе или за Заев. Избори за повеќе за секого или повеќе за Заев. Избори повеќе за Македонија или повеќе за Заев. Иако е важна одлуката, изборот е лесен, полесен од тоа што навидум  ви се чини – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на партиската конвенција.

 

Мицкоски ги прокоментира кандидатските листи на СДСМ, посочувајќи дека има исти ликови, без промена.

И СДСМ треба да се казни освен поради сите скандали досега, токму и поради таквата понуда на трговски листи кои се производ на трговија, поткупи и меѓусебни дилови. Тоа се листи за пораз и меѓусебно покривање. Мислат така имунитет ќе ги штити ако станат пратеници, а треба да се свесни дека ако згрешиле спрема законот нема сила што може да ги спаси. Измислицата и најновото комично крешендо на Заев беше она посипување со пепел пред промоција на листите кога кажа ќе имале тандеми носители. Тоа е апсурд, кога по закон има само еден носител, ама ваму е очигледно дека сакаат срамот на носителот да се покрива со уште еден од тандемот. На пример предавствата на Димитров да ги покрива Мила, за да не биде само овој предмет на напад, а промашувањата и неостварените ветувања на Мила да ги покрива Димитров. Или корупцијата на Радмила да ја покрива извесен Јован од Струга кој после триипол години не успеал да излобира кај неговата влада барем еден проект кој ќе биде корисен за граѓаните. А за тандемот на транзицијата Заев-Шекеринска не треба посебен коментар. Им недостасува од дуо да станат трио. Катица им недостасува. Практично најдобрата слика за листите ја даваат Рамчиловиќ, Панчо и Амди. Вредностите на овие луѓе се вредности на целите листи на СДСМ.
Има такви ми викаат ни одговара што ги ставиле овие луѓе, утре ќе свртат накај нас, но јас не можам со тоа да се сложам. Вредностите мора да се чуваат и ние стоиме зад тоа што го промовираме, а не заради политички комодитет да прифаќаме компромиси со тое вредности. И треба секој да знае компромис со ветеното, со вредностите околу кои се обединуваме нема да правам, ниту досега, ниту од сега. И во таа смисла би рекол добар потег за Беса што отиде со СДСМ, и едните и другите бркаат гласови и сакаат да се покријат, но фактот што БЕСА ќе освои 2 до 3 пратеници мене ме охрабрува за по изборите – посочи Мицкоски на конвенцијата на која беа промовирани кандидатите за пратеници.