Македонија 27. јуни 2020. / 21:15

Мицкоски: На 15 јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ поради многуте неисполнети ветувања

Мицкоски: На 15 јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ поради многуте неисполнети ветувања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со носителот во третата изборна единица, Игор Јанушев, ја посетија општината Чешиново-Облешево, од каде порача дека на 15. јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ.

Потребно е на 15. јули да излеземе масовно, да се заштитиме најпрвин себеси, да ги заштитиме и тие кои што ќе дојдат со нас. Да излеземе масовно и гласно да зборуваме позади параванот. Да го заокружиме бројот 14, да го заокружиме името на Игор Јанушев, носителот на листата на победничката коалиција. Тоа е последната битка која не чека – изјави Мицкоски.

Тој истакна дека на Зоран Заев му се ближи крајот поради многуте ветувања кои не се исполнети затоа што граѓаните паметат се.

Лагите на Зоран Заев и на неговите функционери веќе не успеваат никаде. Зоран Заев треба да научи дека со народот нема играње, народот дава, но и зема, порача Мицкоски.