Македонија 25. јуни 2020. / 12:07

Мицкоски: Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова

Мицкоски: Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека верува оти на претстојните избори, народот ќе покаже мудрост и ќе знае да ја одбере опцијата што ќе донесе обнова за Македонија.

Мицкоски верува дека ќе ја добие поддршката од граѓаните за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да биде победничка коалиција којашто ќе добие 60 пратеници.

Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и помеѓу една нова енергија што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија“. Јас сум убеден во мудроста и поддршката на народот. Стојам нескромен и реален и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова – порача Мицкоски.