Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во денешното свое гостување на телевизија Телма истакна дека главен фокус во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е како да се направи функционална држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.
Еве кога имавме собир на граѓани во Тетово и во Гостивар, голем дел од Албанците кои беа присутни на тие собири дојдоа да се сликаат. Исто беше и во Крушево, дојдоа се сликаа со мене, го посетија настанот и аплаудираа затоа што луѓето повеќе не ги гледаат овие прашања како етничко или националистичко прашање. Ние не сакаме да звучиме така, ниту пак звучиме така. Во нашата кампања главен фокус е како да направиме функционална правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, истакна претседателот Мицкоски.