Македонија 13. септември 2018. / 20:08

Мицкоски – Мичел: Договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи

Мицкоски – Мичел: Договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евро-антлантските интеграции на Македонија, како и актуелниот референдум за договорот со Грција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес, а дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник.

Воедно Мицкоски подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање.

Соговорниците се согласија дека eвро-атланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.