На денешниот протест за Гоце Делчев, се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој нагласи дека Гоце Делчев е македонската црвена линија.
Гоце го има во химната. За кого би протестирале ако не за Делчев. Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет. И затоа сме денес овде, затоа што Делчев е Македонија и столбот на нашето постоење како народ, изјави Мицкоски.
Мицкоски се спротистави на тезата од СДСМ дека мора да се откажеме од Гоце Делчев за некоја подобра иднина.
Веднаш ќе кажам дека не е така македонизмот и она што сме не е ништо помалку важно од европеизмот, македонизмот е над и пред се изјави, Мицкоски.