Македонија е браникот со кој се брани Европа, порача во своето обраќање лидерот на опозициската ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред Собранието во рамки на протестот на партијата со автомобили.
Вистинско време, рече Мицкоски, е Европа сега и веднаш, да му врати на овој народ без условувања, без уцени европска иднина.
– Европа е таа што ги има во своите раце иднината на овој народ и држава. Независно од политичката импотентност на Заев и неспособноста вистински да се препознае стратешкиот момент. ЕУ без условување треба да почне преговори со Македонија и тоа да се случи час поскоро. Тоа е единствениот начин да се има цел, а тоа е да се движи земјата напред, посочи Мицкоски.