Македонија е шампион во Европа, господине Заев само во една работа, по дното на економијата и на врвот на корупцијата. По тоа сме шампиони во Европа. Тоа е реалноста, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на МРТ со премиерот Зоран Заев.
– Денот по утрото се познава. Можеме празни муабети и ветувања да си кажуваме колку сакаме, но суштината е што правиме. Македонија на скалата на Транспаренси Интернационал е падната за 17 места. Ако ние навистина сме постигнале нешто во борбата против корупцијата и справувањето со криминал ние немало да паднеме 17 места, напротив ќе сме се качеле за 17 места, истакна Мицкоски.
Тој потенцираше дека се надева Заев нема да е за долго премиер и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и ќе покаже како вистински се справува со корупцијата и како се реформира судскиот систем во Република Македонија, заради подобра иднина на онаа генерација млади луѓе кои својата иднина ја гледаат во оваа држава