Македонија 01. февруари 2020. / 12:14

Мицкоски: Ќе се откажам од привилегиите кои доаѓаат со премиерската функција

Мицкоски: Ќе се откажам од привилегиите кои доаѓаат со премиерската функција

Ќе се откажам од дел од привилегиите кои следуваат со функцијата, ќе предложам на седница на влада мерки за намалување на даноците, нешто чии детали ќе ги објавам во приодов што следи, и ќе предложам акциски план за младите и пензионерите со чии мерки ќе се влијае на подобрување на нивната состојба, ова се трите работи што прво би ги направил Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога би влегол во владиниот кабинет како Премиер.

Тој во интервју за Прес24, вели дека е убеден оти по 12 април, тој ќе ја предводи новата влада, но за да ја добие довербата вели нема да ветува нерални работи.

о луѓето со нас можат да бидат комотни и сигурни дека тоа што ќе го ветиме и ќе го исполниме. Кога ќе ветам победа, мислам на победа на изборите и формирање на влада. Не чув од Заев да одговори на вакво прашање, а нема да одговори зошто знае дека ќе загуби. Македонија мора да го надомести загубеното и да оди вистински напред, вели Мицкоски

Понатаму во интервјуто, лидерот на опозицијата не открива кои се неговите адути за носители на шестте изборни единици, но најавува многу нови имиња во политичката сцена.

– Правиме анализи и мерења на рејтингот. Можам да кажам дека ќе излеземе со квалитетни решенија, со луѓе без дамка во минатото и луѓе кои ќе го дадат својот максимум во исполнувањето на обврските спрема граѓаните. Ќе имаме добар тим кој ќе биде одговор на она што го бараат и им е потребно на граѓаните, вели Мицкоски во интервјуто.

Целото интервју на Прес24.