Македонија 09. јануари 2021. / 21:30

Мицкоски: Ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести дека нема Анекс на Договорот со Бугарија

Мицкоски: Ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести дека нема Анекс на Договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук го прашува премиерот Зоран Заев и власта, дали ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второ, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?

„Пред три месеци, во „Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет“, објаснува Мицкоски.

Оттука, тој поставува две прашања: првото, ќе се извини ли владата, како што вели, што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?