Македонија 03. јули 2020. / 23:04

Мицкоски: Капитулација и понижување на македонскиот народ и земја е она што Заев го постигна

Мицкоски: Капитулација и понижување на македонскиот народ и земја е она што Заев го постигна

„Предуслов беше договор, но не ваков. Ова е капитулација и понижување на македонскиот народ и македонската нација“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

Мицкоски додаде дека договор требало, но не ваков каков што потпиша Зоран Заев и го предаде македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ не го спори фактот дека бил потребен договор, но не ваков за жал.

Сега ние треба да признаеме, и вие, и сите, дека овој договор не гарантира еве како што гледаме отпочнување на преговори, појасни Мицкоски.

Меѓу другото Мицкоски се осврна дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се согласило со овој договор. Но за жал реалноста треба да се прифати. А, за оваа сурова реалност виновници се Зоран Заев и СДСМ. Договорот на Заев нема да го спречи македонскиот народ својата држава да си ја нарекува Република Македонија.