Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Канал 5 го повтори својот став за тоа кој е Гоце Делчев, а во контекст на неговото инсистирање Стево Пендаровски да им се извини на Македоците за својата изјава за деецот дека е Бугарин кој се борел за самостојна Македонија.
-Јас немам дилема кој е Гоце Делчев, за што се борел, како завршиле неговите мошти таму каде пто заврпиле и како биле вратени во 46-тата година. Сето ова заокружено значи дека Делчев е голем Македонец, револуционер, кој се борел за независна, суверена македонска држава, рече Мицкоски.