Македонија 25. февруари 2021. / 17:36

Мицкоски: Јас и сопругата имаме само македонски пасоши, ќе се борам за националните интереси

Мицкоски: Јас и сопругата имаме само македонски пасоши, ќе се борам за националните интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук напиша дека тој и неговата сопруга имаат исклучиво македонски пасоши. Тој вели дека ќе продолжи да се бори за националните интереси и против мафијата.

-И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси.
Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту “браќата и пријателите” на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана, вели Мицкоски.

И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, February 25, 2021