Македонија 29. декември 2020. / 17:35

Мицкоски изрази сочувство за настраданите во земјотресот во Хрватска

Мицкоски изрази сочувство за настраданите во земјотресот во Хрватска

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.

Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Петриња. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка.

За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе. Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес, пишува во телеграмата со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Мицкоски.