Македонија 07. ноември 2020. / 16:19

Мицкоски: Има добра основа за идна коалиција со албанските опозициски партии и опозициски фронт

Мицкоски: Има добра основа за идна коалиција со албанските опозициски партии и опозициски фронт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека има добра основа за идна коалиција со албанските опозициски партии, истакнувајќи дека многу важен сегмент за да се изгради партнерство особено политичко е довербата.

-Јас и во текот на вчерашниот ден и за време на настанот споменав дека природата на нештата ги поврзува политичките партии, станува за центар десни и конзервативни политички партии, логично е дека и идеолошки но и на ниво на политичка програма има сериозен простор за соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Вчера имавме навистина еден прекрасен панел организиран од страна на фондацијата „Конрад Аденауер“ кој што е наш стратешки партнер како ВМРО-ДПМНЕ, а во иднина ќе бидат организирани други вакви настани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за вестите на телевизија Алфа.

Мицкоски додаде дека многу важен сегмент за да се изгради партнерство особено политичко е довербата.

Мислам дека довербата почнува да се гради и тоа на едно сериозно високо ниво, очекувам дека во следните вакви настани таа доверба само ќе се зголемува. И очекувам да отидам и чекор понапред од она што го кажав вчера, а тоа е да кулминира со една заедничка коалиција пред одржувањето на локалните избори и заедничка поддршка на кандидатите за градоначалници, нагласи Мицкоски.