По драматичниот триумф на македонската ракометна репрезентација против Украина со гол во последната секунда за резултат 26-25, својата радост и честитки за ракометарите на социјалните мрежи ги сподели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Кога срцата чукаат како едно, кога мотивот е голем, се поместуваат и планини. Честито за победата на Македонските ракометари. Ја направивте горда Македонија. Да се радуваме на уште победи! – порача Мицкоски.