Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Гостивар. Тој таму оствари средби со граѓани, со младите од градот, а имаше и состанок со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.
-21-ви април не е само датум кога ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, туку и датум кога се одлучува за иднината на Македонија. Датум кога граѓаните ќе го имаат мандатот да одлучат по кој пат ќе тргнеме. Има две опции, или ќе се одобри оваа политичка и економска капитулација на актуелната власт, или ќе се порази Заевизмот за да Македонија опстои и тргне напред, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-Денес се објави БДП за 4-тиот квартал, пoследни сме во регионот. Вкупниот економски раст е минимални и ниски 2 проценти што е 2 и пол помалку пати од ветените 5 осто раст секоја година. Што значи дека Владата прави изборна измама, но затоа тендерите и бизнисите на власта врват. Затоа треба да се воведе казниво дело изборна измама. И кога се збори за правдата, ајде да ги преиспитаме сите случаи за кои постои сомневање за криминал, ајде да ја приспитаме продажбата на бонбона бизнисот ЕВН, за продолжување на монополот на Телеком, за Глобал, за евро поткупот на Заев…да зборуваме за сите случаи каде има сомнеж за криминал и да ги соочиме тие луѓе со законите, без селективна правда. Само така ќе дојдеме до правда, само така ќе се избориме за честита Македонија, додава тој.