Македонија 28. април 2019. / 16:59

Мицкоски и Силјановска на Велигденска литургија во Соборниот храм

Мицкоски и Силјановска на Велигденска литургија во Соборниот храм

Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски утрово заедно присуствуваа на Велигденската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

-Ако по два милениуми се собираме овде сите како верници сигурно е тоа најголемиот ден. Јас верувам дека е тоа ден на животот, верувам дека тоа е ден на радоста, погледнете ги лицата на луѓето, ќе се уверите во тоа- истакна Силјановска Давкова.

Таа порача:

-Мислам дека овој ден е специфична опомена за сите нас како вели владиката возобљубеност се чувствуваме, тогаш треба и дел од нас да ставиме во она што се вели чест, радост, вечен живот и јас така се чувствувам денеска-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски приликата ја искористи на сите верници кои го празнуваат Велгден да им го четита празникот, посакувајќи многу здравје, среќа, љубов, бериќ за нив и нивните семјства.

-Да се радуваат да празнуваат, да бидат задоволни од тоа што го прават, и на крај да си ја сакаат татковината Република Македонија- порача Мицкоски.