Македонија 27. јуни 2020. / 22:08

Мицкоски и Јанушев од Зрновци: Треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ за да нема уцени, закани и притисоци

Мицкоски и Јанушев од Зрновци: Треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ за да нема уцени, закани и притисоци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, кој е носител на Изборната Единица 3 ја посетија Општина Зрновци, од каде порачаа дека е потребна голема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за да нема уцени или закани, за да нема притисоци, пазарења и трговија.

Голема победа за многу повеќе за земјоделците отколку за неранимајковците. За да имаме силна економија. За реконструкција на медицински установи, болници, училишта, училишни спортски сали, културни домови, асфалтирани патишта. Голема победа ни е потребна за да си ги вратиме децата дома. Што ќе ни е држава ако ни е празна – порача Мицкоски.

Тој подвлече дека им оставиле проект на СДСМ, обезбедени средства, потпишан договор, но власта три години не можела да го заврши експресниот пат од Штип до Кочани.

Од СДСМ и Беса ќе слушнете се, само нема да слушнете дека можат да направат повеќе за Македонецот. Прашањето е што направија три години. Еве јас ќе ви кажам, дополнително стотици илјади луѓе ја напуштија Македонија. Ги броеја Луј Витон ташните и куферите, носеа трас-трас судски одлуки, едни за да се пресметаат со политичкиот противник, а другите за да се амнестираат себеси. Ќе ве потсетам, може сме заборавиле за она Евро за Батето. После 15 јули повторно ќе ја отвориме – истакна Мицкоски.

Тој порача дека по 15. јули доаѓа обновата.

Тој упати апел до граѓаните да се придржуваат до пропишаните мерки со цел да го сочуваат сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски.

Како што рече, важно е да се гласа на 15 јули, за да се казнат сите погубни политики на СДСМ и Заев.

Јанушев од Зрновци порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на многу работа и дека се обврзуваат дека ќе работат за повисоки плати за 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, повисоки пензии за 20% или повеќе од 3.000 денари повеќе за секој пензионер, намалување на невработеноста под 10%, исто така огромен акцент да се стави во образованието затоа што сметаат дека преку мотивиран наставен кадар можеме да се подобри образованието.

Но, она што е најбитно за граѓаните кои живеат во Зрновци и Чешиново-Облешево и во кочанско се обврзуваме на редовна исплата на субвенциите, на олеснет пристап до ИПАРД фондовите, поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1.000 денари по грло ќе се исплаќа по 1.500 денари по грло – изјави Јанушев.